лберобело–Неапол–Амалфи–Позитано-Салерно–Помпеа–Матера
Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен, токму затоа ние ве носиме таму. Зарем не заслужува секоја жена да патува за 8-ми Март за Италија?
Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.
Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме воа Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по ќуќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.
Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН 329 ЕВРА/ 20.398 МКД ПО ЛИЦЕ ДО 15.12.2023
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 349 EВРА/ 21.638 МКД ПО ЛИЦЕ
ПЛАЌАЊЕ НА 3 МЕСЕЧНИ РАТИ
(Декември,Јануари и Февруари) пред поаѓање 10 дена целосна доплата
6.799 денари рата! (доколку уплатите по промо цена)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 349 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /21.638 МКД
ПЛАЌАЊЕ НА 3 МЕСЕЧНИ РАТИ
(Декември, Јануари, Февруари) 10 дена пред поаѓање целосна доплата
7.212 денари! (доколку уплатите по редовна цена)
Што е вклучено:
Не е вклучено:
Превоз со автобус
Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
3 ноќевања со појадок во Хотел со 3* (радиус 40-50км оддалечено од Наполи)
Посета на Алберобело
Посета на Матера
Лиценциран туристички придружник
Шопинг во Centro Commerciale La Cartiera, Посета на Помпеја (влезница со локален водич 20 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред поаѓање и не е вклучена во пакетот од 35 евра) и посета на Неапол. Пакет 35 евра (се плаќа во автобус)
Посета на Поситано,Амалфи,Салерно и Соренто- Пакет 85 евра (се плаќа во автобус)
Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 20 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 55 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица –105евра повратен билет (се плаќа во агенција)
Доплата за еднокреветна соба-4.700мкд (за 3 ноќи)
Туристичка такса 3 евра на ден по лице (се плаќа во агенција)