logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


ВЕЛИГДЕН НА МЕТЕОРИ


Информации за понудата

Категорија: Велигден
Поткатегорија:

ВЕЛИГДЕН НА МЕТЕОРИ
04.05-06.05

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони. Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.

Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место.

Опис на патувањето:
1. ден 04.05 (сабота)
Поаѓање од паркинг кај хотел Русија, во 07:00 часот (собирање на група 06:45 ч.). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор.Предвидено време за пристигнување во Солун околу 10 часот. Посета на центарот на Солун.Во договор со групата се упатуваме од Солун кон Олимпик Бич.. Пристигнување во Олимпик Бич. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2. ден 05.05 (недела)
Во утринските часови поаѓање од Олимпик Бич кон Метеори. Посета на работилницата за икони во Каламбака. По посетата на работилницата за икони групата се упатува кон манастирот голем Метеорон. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По прошетката слободно време за пауза за ручек Враќање во Олимпик Бич. Ноќевање.
3. ден 06.05 (понеделник)
Во утринските часови напуштање на собите. Слободно време за прошетка . Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

Понудата вклучува:
Посета на Солун
2 ноќевања
Посета на работилницата за икони во Каламбака
Превоз на наведените локации
Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:

Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон
Туристичка такса 1 евро од соба на ден ( се плаќа во агенција)
Факултативна посета на Дион 10 евра (се плаќа во агенција)


Цена:3950 денари

* За реализација на факултативната прошетка потребни се минимум 30 патници.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
Во случај на отказ патникот е должен да плати:
За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!