logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


Велигден во Олимпик Бич


Информации за понудата

Категорија: Велигден
Поткатегорија:

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони. Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.


Опис на патувањето:
1. ден 03.05 ( петок )
Поаѓање од паркинг кај хотел Русија во 07:00 часот (собирање на група 06:45 ч.). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Предвидено време за пристигнување во Олимпик Бич околу 12:00 часот. Сместување .Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2. ден 04.05 ( сабота )
Слободно во Паралија. Предлагаме факултативна посета на Лутраки и Воден(10 евра).
3. ден 05.05 ( недела)
Во утринските часови поаѓање од Олимпик Бич кон Метеори. Посета на работилницата за икони во Каламбака. По посетата на работилницата за икони групата се упатува кон манастирот голем Метеорон. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. Во договорено време со групата се упатуваме кон ресторан за факултативна пауза за ручек. По паузата групата се упатува кон Олимпик Бич. Ноќевање.
4. ден 06.05 ( понеделник)
Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка . Во договор со групата поаѓање за Македонија.

Понудата вклучува:
3 ноќевања во студио во Олимпик Бич.

Посета на работилницата за икони во Каламбака
Превоз на наведените локации
Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон
Факултативна прошетка до Лутраки и Воден -10 евра
Туристичка такса 180ден (се плаќа во агенција)

Цена: 5900 денари

* За реализација на факултативната прошетка потребни се минимум 30 патници.


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!