logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


ОЛИМПИК БИЧ И МЕТЕОТИ


Информации за понудата

Категорија: ЕДНОДНЕВНИ ПАТУВАЊА
Поткатегорија:

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони. Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.


Опис на патувањето:
1. ден 21.10 (сабота)
Поаѓање од кај Цветен пазар наспроти зДом на печат во 07:00 часот (собирање на група 06:45 ч.). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Предвидено време за пристигнување во Олимпик Бич околу 11 часот. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2. ден 22.10 (недела)
Слободно време за прошетка низ Паралија.Ноќевање.
3. ден 23.10 (понеделник)
Во утринските часови напуштање на апартманите.
Поаѓање кон Метеори
Посета на работилницата за икони во Каламбака. По посетата на работилницата за икони групата се упатува кон манастирот голем Метеорон. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот
Понудата вклучува:
Посета на Солун
Посета на црквата св.Петка
2 ноќевања во студија во Олимпик Бич
Посета на работилницата за икони во Каламбака
Превоз на наведените локации
Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон
Туристичка такса 0.5 евро од соба на ден

Цена за деца до 10 години 2500 денари

Цена: 3750 денари.


ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
Организатор на патувањето е наТА ОЛИМПИК ТРАВЕЛ
Во случ недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
Во случај на отказ патникот е должен да плати:
За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!