logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


Еднодневно капење во Паралија


Информации за понудата

Категорија:
Поткатегорија:

Еднодневно капење во Паралија 24 мај

Цена на аражаманот: 999 денари

Паралија е сезонско туристичко место во Олимписката регија сместено на околу 70 километри од Солун. Ова е стандардно и омилено место на македонските туристи. Во непосредна близина се наоѓа и славната Лептокарија, Олимпик Бич и самиот Олимп.

Најслиниот адут на Паралија покрај локацијата секако е песочната плажа со ситен песок околу кој се нижат чадори како печурки,километарски долга, со благ премин кон длабочина во морето, и слободно може да се каже дека е заштитен знак на оваа дестинација.

Паралија е сместена во прегратка на планината на 12-те богови Олимп и истата претставува прекрасна комбинација на планината и морето. Па така истата претставува идеално место за сите оние кои саката да уживаат во пријатна клима и долга плажа.

По долгото шеталиште може да уживате во големиот избор на продавници кои располгаат со туристички материјали, накит и облека, а тука секако се и баровите и таверните во кои може да се опуштите.

Опис на програмата:

• Поаѓање во 02:00 часот ( собирање на група во 01:45 на Дрводекот)
• Ноќно возење со паузи за царински формалности и одмор.
• Предвидено време за пристигнување во раните утриниски часови
• Враќање во 18:00 ч. по македонско време од Паралија.
• Пристигнување во Скопје во вечерните часови

Цена на аражаманот: 999 денари
ИНФОРМАЦИИ:

· Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.

· Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.

· Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.

· Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.

· Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.

· Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.

· Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.

· – За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!