logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


Куќа “Panorama” 2020


Информации за понудата

Категорија: ЛЕТО 2023
Поткатегорија: Олимпик Бич


Куќа “Panorama”Сарти


Куќа „Панорама“ е лоцирана на средина помеѓу стариот и новиот дел на Сарти, и е прва линија на море т.е. на самата плажа, покрај шеталиштето. Дел од собите се сместени во сутерен т.е. по 5-6 скали надолу, останатите се на првиот кат и имаат страничен или директен, отворен поглед кон море и кон прекрасниот Атос. Во понудата нема пешкири. Забелешка е дека сите студија и апартмани се опремени со стар мебел (ве молиме да се информирате за сите детали) и комплетно опремени мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената.


Вонсезонски цени










































Термин



Ноќевања



1 и 2 лице



3 и 4 лице



24.5-31.5



7



89



35



31.5-7.6



7



109



35



7.6-14.6



7



119



35



14.6-21.6



7



149



35



21.6-28.6



7



169



35



Сезонски цени






























































































Термин



Ноќевања



1/2 студио сутерен



1/2 студио море



1/3 студио
стр. море



1/3 студио
поглед море



1/4 апартман сутерен



1/5 апартман поглед скали



1/5 апартман странично море



28.6-7.7



9



390



490



535



585



535



605



645



7.7-16.7



9



410



540



575



625



575



645



685



16.7-25.7



9



425



575



635



685



635



705



745



25.7-3.8



9



425



575



635



685



635



705



745



3.8-12.8



9



425



575



635



685



635



705



745



12.8-21.8



9



425



575



635



685



635



705



745



21.8-30.8



9



400



530



565



615



565



635



675



Вонсезонски цени




































Термин



Ноќевања



1 и 2 лице



3 и 4 лице



30.8-6.9



7



169



35



6.9-13.9



7



149



35



13.9-20.9



7



119



35



20.9-1.10



10



99



35





 


Напомени и услови:



  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.

  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума

  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страницае само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцеларија

  • За информациите добиени од вработените на T.A.Olimpik Travel агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.

  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција T.A.Olimpik Travel има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите,T.A.Olimpik Travel ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.

  • T.A.Olimpik Travel не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во T.A.Olimpik Travel и на самата агенција.


 


 

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!