logo

тел: +389 (0)2 / 244 77 38, 2477 277, 077 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com

Локација: Борка Талески број 5, 1000 Скопје


ВИЛА АРИСТА


Информации за понудата

Категорија: ЛЕТО 2020
Поткатегорија: Неа Флогита


Вила АРИСТА е лоцирана во центарот на Неа Флогита на 50м. од плажа. Располага со трокреветни студија, четворокреветни апартмани и дуплекс. Сите се со комплетно опремена кујна, купатило, клима(вклучена во цената), WI-FI и пространи балкони. Во непосредна близина има супермаркет, пекара, месара, гиро и итн.

-10% попуст за резервации и целосна уплата до 29.02.2020

ТЕРМИН МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
7 НОЌИ 23 30 06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05 12 19
1/3 СТУДИО 69* 89* 109* 119* 159* 339 379 409 409 409 409 409 409 379 159* 129* 109* 79*
1/4 АПАРТМАН 69* 99* 129* 159* 189* 390 420 450 450 450 450 450 440 390 169* 149* 129* 89*
1/6 ДУПЛЕКС 90* 179* 99* 219* 249* 499 569 599 599 599 599 599 599 569 219* 199* 179* 159*

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Напомена:

Цените со* во студиото и апартманот се однесуваат по лице со вклучен превоз за минимум две лица, трето и четврто лице се сместува БЕСПЛАТНО доплаќа само превоз доколку го користи.

Цените со* во дуплекс апартманот се однесуваат по лице со вклучен превоз за минимум две лица, 3, 4, 5, 6, лице се сместуваат БЕСПЛАТНО доплаќаат само превоз доколку се користи.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Сликите кои се објавени се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)


За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)


Деца до 2 години бесплатно, без седиште


За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.


Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.


Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената, не може да се гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.


Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција.



ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!