logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


МАЛТА


Информации за понудата

Категорија:
Поткатегорија:


ВЕЛИГДЕН НА МАЛТА 

(18.04 - 21.04.2020)

СО АВИОН ОД СКОПЈЕ

4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

ПРОМО !!!249 евра (15400 мкд)  со уплата од 30 %  до 25.02.2020

РЕДОВНА ЦЕНА 279 евра ( 17300 мкд)

МОЖНОСТ НА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ВО АГЕНЦИЈА (БЕЗ КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ) И ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ СИНДИКАТИТЕ СО КОЈ ИМАМЕ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

Доколку немате придружник/придружничка нема да  има доплата  за еднокреветна соба,ние ќе ве сместиме без надомест!!!

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

Малта- Мал остров со илјада лица 


Република Малта е островска држава сместена во срцето на Средоземното Море. Со извонредното сончево време, атрактивните плажи, ноќните забави и нејзината историја долга повеќе од 7000 години, таа е често посетена дестинација во секое време од годината, а посебно во пролетниот и летниот период.

Составена е од три населени острови- Малта, Гозо и Комино. 

Малта е најголемиот остров од групата Малтешки острови. Брои околу 500.000 постојани жители, а нејзината површина е само 315 квадратни километри, па тоа ја прави една од наjнаселените земји во светот. 

Втор остров по големина е островот Гозо, кој е олицетворение на богатата Малтешка историја. Неговиот шарм ги примамува посетителите да го посетуваат и да се восхитуваат на неговата традиција и руралност. Главен град на Гозо е градчето Викторија кое е прекрасно место за уживање и релаксација..За гурманите кои сакаат да екпериментираат со вкусовите и да искусат дел од Малтешката кујна освен, свежата риба и морските плодови предлагаме да го пробаат и најпознатиот специјалитет – зајачко месо. Го има во најразлични варијанти, но едно од најпознатите е Fenek-bit tevn или зајак во вино.

1 ден (18.04.2020 - Сабота) | Скопје - Малта

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Полетување за Малта во 13:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:05 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки или по предлог на пратител ...Ноќевање.

2 ден (19.04.2020 - Недела) | Малта - Гозо 

Појадок. Можност за целодневна факултативна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање. 

П.С.Доколку дозволуваат временските услови  посета на островот Комино каде сто се наоѓа и најубавата Плава лагуна

Со брод  се трга од Слиема,се патува до Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi...1ипол саат посета на Плава Лагуна.

На бродот има вклучено неограничено пиење во текот на целото патување

3 ден (20.04.2020 - Понеделник) | Малта - Валета - Мдина

 Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина - стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (21.04.2020 - Вторник) | Малта  - Скопје Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, Cospicua Bormla - најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните..Трансфер до аеродром.Лет за Скопје со Wizzair (W6 7766) во 15:50 часот. Слетување во Скопје 17:350часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси по лице се 3.100 мкд.(вклучено во цената)

-Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта - Скопје со WizzAir

-Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг

-Трансфер аеродром Малта – хотел – аеродром во Малта.

-Организација на аранжманот и  придружник на патувањето од агенција.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Доплата за чекиран багаж - куфер

- Факултативн разглед на  Мдина,Моста и Валета - 35 евра

- Факултативна посета на Гозо  50 евра

- Факултативна посета на Трите Града 25 евра

- Влезници за културно историските музеи

- Патничко осигурување

 -  Туристичка такса (се плаќа во хотел)

- Долата за еднокреветна соба 3.700 мкд

- Депозит од 50 евра за соба се плаќа во хотелот(се враќа кога го напуштате хотелот)

  НАПОМЕНИ:

*Општи напомени за патување:

• Т.А. Oлимпик Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
• За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Т.А. Oлимпик Травел
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

 

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!