logo

тел: +389 (0)77 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com


МАЛТА - Божиќен базар


Информации за понудата

Категорија: 8 ДЕКЕМВРИ
Поткатегорија:


Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

Малта- Мал остров со илјада лица 


Република Малта е островска држава сместена во срцето на Средоземното Море. Со извонредното сончево време, атрактивните плажи, ноќните забави и нејзината историја долга повеќе од 7000 години, таа е често посетена дестинација во секое време од годината, а посебно во пролетниот и летниот период.

Составена е од три населени острови- Малта, Гозо и Комино. 

Малта е најголемиот остров од групата Малтешки острови. Брои околу 500.000 постојани жители, а нејзината површина е само 315 квадратни километри, па тоа ја прави една од наjнаселените земји во светот. 

Втор остров по големина е островот Гозо, кој е олицетворение на богатата Малтешка историја. Неговиот шарм ги примамува посетителите да го посетуваат и да се восхитуваат на неговата традиција и руралност. Главен град на Гозо е градчето Викторија кое е прекрасно место за уживање и релаксација.


Најмалиот остров е Комино, кој е голем само 3 квадратни километри. Познат е по егзотичната плажа на која за да стигнете треба да фатите брод. Ова мало островче не е населено, но има еден хотел во кој се сместуваат туристите кои сакаат да уживаат во приватноста. 


Островите меѓу себе се поврзани со одлични траектни линии, а недалеку од нив е и прекрасната Сицилија која исто така може да ја посетите со еден од бродовите. 

Службени јазици во Малта се малтешкиот и англискиот, но голем дел од населението го користи и италијанскиот.

На Малта има многу нешта кои вреди да се посетат и доживеат. Доколку се одлучите да ја посетите оваа пролет за Велигден, ние ви предлагаме неколку најпознати знаменитости кои ќе ви го одземат здивот и ќе го направат вашето патување незаборавно.

Најпрво на листата е секако главниот град на Малта- Валета. Таму се наоѓаат бројни знаменити градби кои датираат од 16. Век и се изградени во различни уметнички стилови меѓу кои доминира барокот, а функционалните и неокласичните градби се повеќе присутни во населбите обновени по втората свестка војна.

 

Во центарот на градот се наоѓа најголемата катедрала на Малта- St.John изградена во 1572 година, во која можете да ги видите најголемите дела на Caravaggia.

Исто така задолжителна е и посетата на Палатата Auberge de Castille или палата на малтешките витези која денес е седиште на претседателот на владата.

Тоа што денес претставува Валета, некогаш била Мдина- поранешниот главен град на Малта.

Мдина или Citta Vecchia е средновековен град кој е опкружен со ѕидини. Се наоѓа во среднишниот дел на островот и го нарекуваат Тивкиот град во кој живеат само околу 300 жители. Мдина е позната по изработка на стакло од каде всушност потекнува Mdina Glass Malta- едно од најпознатите и најквалитетните стакла во светот. Прошетката низ градчето е уживање за сите оние кои сакаат да ги избегнат гужвите и да уживаат во тивките улици.

 

По прошетката низ градот неизбежно е да се посети и најубавото, рибарско село во Малта наречено Marsaxlokku во кое преовладува идилична атмосфера и каде што шарените куќички прават спектакл од бои кои од далеку изгледаат како уметничко дело. На секој чекот ќе видите рибари како ловат риби со големи мрежи, а во неделите ги продаваат на рибен пазар каде секој кој е љубител на риба, може да го посети. Долж морската обала се наоѓаат голем број на кафулиња и ресторани од каде ќе уживате во прекрасното зајдисонце.

 

Една од најпознатите атракции на Малта е познатата “Модра пештера“ или оригилано “Blue Grotto” која е низа од неколку природни пештери до која се стига со брод или доколку сте авантуристи, со глисер. За најхрабрите, љубители на адреналинот предлагаме и кратко пливање низ нејзе.

    
Ако сте љубители на археологијата непропуштајте да ги посетите и археолошките паркови Hagar Qim и Mnajdra кои се едни од најстарите храмски и религиски комплекси во кои е основан култот на плодноста. 

За гурманите кои сакаат да екпериментираат со вкусовите и да искусат дел од Малтешката кујна освен, свежата риба и морските плодови предлагаме да го пробаат и најпознатиот специјалитет – зајачко месо. Го има во најразлични варијанти, но едно од најпознатите е Fenek-bit tevn или зајак во вино.

 

07.12 - 10..12..2019

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

1 ден.07 декември СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродром Скопје во 18.00 часот . Лет за Малта со WIZZAIR – лет W6 7765 во 19.50 часот. . Пристигнување на аеродромот во Малта во 21.40 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

2 ден.08 декември ГОЗО

Појадок. Можност за целодневна факултативна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ден.09 декември МДИНА,МОСТА,ВАЛЕТА

 Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина - стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок.Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродром.Трансфер до аеродром.Лет за Скопје со Wizzair (W6 7766) во 15:55 часот. Слетување во Скопје 17:35 часот.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 ЕВРА (12.340,00 ДЕН.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси по лице се 3.100 мкд

-Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта - Скопје со WizzAir

-Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг

-Трансфер аеродром Малта – хотел – аеродром во Малта.

-Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Доплата за чекиран багаж - куфер

- Факултативн разглед на  Мдина,Моста и Валета - 35 евра

- Факултативна посета на Гозо  45 евра

- Влезници за културно историските музеи

- Патничко осигурување

 -  Туристичка такса (се плаќа во хотел)

- Долата за еднокреветна соба 5.700 мкд

- Депозит од 50 евра за особа се плаќа во хотелот(се враќа кога го напуштате хотелот)

  НАПОМЕНИ:

*Општи напомени за патување:

• Т.А. Oлимпик Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
• За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Т.А. Oлимпик Травел
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

 

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!