logo

тел: +389 (0)2 / 244 77 38, 2477 277, 077 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com

Локација: Борка Талески број 5, 1000 Скопје


Истанбул


Информации за понудата

Категорија: 11 ОКТОМВРИ
Поткатегорија: МЕЛНИК


11ти ОКТОМВРИ ВО ИСТАНБУЛ

10.10.2019 - 14.03.2019

5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

ПРОГРАМА

1 ден (10.10.2019 - Четврток) | Скопје - Струмица - Грција      

Состанок со групата во Скопје. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (11.10.2019 - Петок) | Истанбул (Панорамски разглед, Крстарење по Босфор, Египетски пазар) 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој. Пауза на азискиот дел на местото Чамлиџа (Camlica Hill) каде ќе ужувате во панорамскиот поглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, во комбинација со турско кафе или чај или пак традиционалното благо Ашуре (познато како благото на Дедо Ное). Сместување во хотел. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат Европскиот и азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1.5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг. Индивидуално враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (12.10.2019 - Сабота) | Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Топ Капи,Подземна цистерна, Вечера на брод)

Појадок во хотел. По појадокот е предвиден пешачки разглед со локален водич и посета на Сината џамија (бесплатен влез – доколку е отворена за посетители), Аја Софија (факултативно - со доплата), Посета на Топ Капи палатата (факултативно – со доплата) - музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, чиј изглед датира уште од времето на Сулејман Величествениот. Посета на подземната цистерна на базиликата (Yerebatan Sarayı) која го снабдувала Константинопол со вода во време на Византискиот период (факултативно – со доплата). Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна вечера на брод (вечера и ноќно крстарење по Босфор). Враќање назад во хотел со организиран трансфер. Ноќевање.

4 ден (13.10.2019 - Недела) | Истанбул (Долмабахче, Сафир Сеир Тераси)     

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство (факултативно – со доплата). Посета на минијатурен парк - Miniaturk (факултативно – со доплата, на површина од 60000 м2, кој воедно претставува најголем минијатурен парк во светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од градот Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, со размер од 1:25. Заминување кон највисоката зграда во Европа (236 m) - Sapphire Seyir Terasi, каде ќе уживате во панорамскиот поглед на Истанбул од врвот на истата, како и можност за четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер (факултативно со доплата) над градот при што би ги посетиле најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.. Во договорено време (доцни попладневни часови) тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Грција.

5 ден (14.10.2019 - Понеделник) | Струмица - Скопје

Пристигнување во Македонија во утринските часови (Струмица / Скопје).

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 15 МЕСТА - 98 € (6.076мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 118 € (7.316 мкд)

можност за плаќање на рати !!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Истанбул на база на 2 ноќевање со појадок;
  • Пешачки разглед на стариод дел на градот (влезници во објекти со доплата);
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на програмата;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Истанбул - Европски и Азиски дел со локален водич и автобус -18 €;
  • Крстарење по Босфор -20€;
  • Вечера на брод - ноќно крстарење по Босфор (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу) - 40 €;
  • Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) - 18 €;
  • Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 15 €;
  • Посета Долма Бахче Сарај - (трансфер + влезница + локален водич) - 30 €;
  • Посета на Минијатурниот парк – Miniaturk Istanbul (трансфер +влезница + локален водич) - 10€;
  • Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 20 €;
  • Патничко осигурување;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА - 117 € (во цената не е вклучена вечера на брод);

Општи напомени:

 

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Минимум од 25 патника за реализација на факултативи !!!



ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!