logo

тел: +389 (0)2 / 244 77 38, 2477 277, 077 / 710 038

Информации: olympictravelmk@gmail.com

Локација: Борка Талески број 5, 1000 Скопје


МЕТЕОРИ


Информации за понудата

Категорија: 11 ОКТОМВРИ
Поткатегорија:


МЕТЕОРИТЕ некогаш биле манастирска заедница од 24 активни манастири. Денес останале само шест, од кои пет манастири се достапни за јавноста. Изградени се на огромни карпи, а повеќето од нив датираат од периодот помеѓу 14 и 16 век. Карпите се оформиле пред 60 милиони години, а нивната препознатлива и варијабилна форма, се вајала во текот на времето. Карпите се издигнати над градот Каламбака, а манастирите се изградени од свештеници кои претходно живееле во пештерите. Манастирите не биле лесно пристапни за посетители, но во поново време се изградени скали за полесен пристап на туристите. Секој од манастирите се наоѓа на листата заштитени културни наследства од УНЕСКО.

ЦЕНА:2500 ден.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕTO:

1 ден 11.10.2019 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ОЛИМПИК БИЧ

Состанок на групата 30 минути пред тргнување.

-08:00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Русија)

Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Во пладневните часови пристигање во Олимпик Бил. Сместување во хотел ФЕНИКС. Можност за факултативна посета на таверна со национална музика и богато мени. Ноќевање.

2 ден 12.10.2019 (САБОТА) МЕТЕОРИ – ОЛИМПИК БИЧ

 Поаѓање за Метеори. Патување преку Лариса и Калампака со кратки попатни паузи. Посета и разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори. Недостапни и високи карпи ( во просек од околу 300 м) сместени во подножјето на планината Камбуниа.Се посетува најголемиот и најпознатиот манастир „Голем Метеор”, како и манастирот посветен на Св. Стефан (женски манастир).По разгледот, посета на една од продавниците на сувенири сместена во подножјето на метеорите. Потоа продолжуваме низ Кастраки до гратчето Каламбака. Посета на работилница за злато, изработка на икони и сувенири. Во попладневните часови враќање во Олимпик Бич. Попатна посета на црквата Св. Петка сместена во местото Темби каде се наоѓа и лековит извор сместен во карпа. Ноќевање.

3 ден 13.10.2019 (НЕДЕЛА) ОЛИМПИК БИЧ – СКОПЈЕ

Слободно време за прошетка во Олимпик Бич и Паралија. Заминување за Македонија во пладневните часови. Патување преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување 2 ноќевања во хотел Феникс
  • Превоз до Метеори
  • Туристички придружник во тек на целото патување
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативна посета на таверна со национална музика

- Здравствено-патничко осигурување

– Влезници во манастирите во Метеори

НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Организатор на аранжманот е Т.А. Олимпик Травел

- За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 пријавени патници

- За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот

- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата

За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Олимпик Травел



ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето

X

Ви се допаѓа нашата страна?

Кликнете LIKE!